Ренато Вугринец го напушти македонскиот ракометен шампион Металург и ќе игра во катарското првенство во клубот Лахвија. Следните 5 месеци популарниот Вуги ќе настапува во земјата-домаќин на Светското првенство, со што ја заврши успешната авантура во Македонија.
Искусниот десен бек стана еден од најпопуларните спортисти странци што воопшто настапувал во Македонија, а со односот, со игрите, со елеганцијата и пред сѐ со головите ги освои срцата на македонската публика, особено на симпатизерите на Металург. Десниот бек од Словенија дури доби и македонски пасош и играше за нашата репрезентација на мундијалот во Катар, а дали ќе продолжи со настапите во црвено-жолтиот дрес ќе се знае наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



