
Од петок Македонија ќе биде под влијание на циклонот Давид, кој ќе услови поинтензивни врнежи, силен ветер и пад на воздушниот притисок. На планините над 1100 метри ќе паѓа снег. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. Врнежите ќе бидат проследени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува силен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.
Утринската температура од -2°C до 5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 2°C, односно до 11°C.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


