| четврток, 6 декември 2018 |

Почна лицитацијата во Катар, ПСЖ заинтересиран за Манасков, Вардар во трка по Чупиќ

Македонија го заврши настапот на мундијалот во Катар, а освоеното деветто место и солидните игри на нашите репрезентативци ќе донесат трансфери за неколкумина, особено за оние што се  сеуште членови на Металург. Македонскиот шампион е во криза, финансиите се проблем што ќе доведе до заминување на неколку стандардни првотимци и репрезентативци на Македонија. Филип Миркуловски и Ренато Вугринец имаат понуди од Катар, односно од Обединетите Арапски Емирати, иако за Миркуловски интерес има и од француски клубови.

Во Франција би можеле да продолжат и Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, играч што е најинтересен на ракометниот пазар, со интерес од моќниот Пари Сен Жермен.

makedonija-bosna-20

Вистинска бомба подготвува Вардар, а на радарот на „црвено-црните“ е извонредното крило на Кјелце и на Хрватска, Иван Чупиќ. Тој ја одработува последната трета година од договорот со полскиот тим и налето ќе биде слободен играч, што му дава можност да се пресели во Скопје без отштета. Вардар е заинтересиран за ангажман на екстраквалитетното десно крило на Хрватска, а првичните контакти се воспоставени.

Како извесен се најавува и трансферот на Ацо Јоновски во германскиот клуб Мелсунген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top