Македонија се надева на ракометен билет за квалификациите во Рио Де Жанеиро, а од интернационалната ракометна федерација (ИХФ) велат дека тоа ќе биде тешко и дека деветтото место на мундијалот во Катар не носи привилегија да се бие битка за Олимпискиот турнир на Летните Игри во Бразил 2016 година.
Надежите се зголемија по шпекулациите дека Македонија со освојување на деветтото место има шанса да фати еден од последните возови за квалификацискиот турнир за Рио. Математиките велеа дека Катар треба да биде азиски шампион, што е сосема реално, за Македонија да се протне на квалификациите за ЛОИ 2016 година.
Но од ИХФ неофицијално велат дека Македонија не може да се надева на ваков развој на настаните. Ако Катар го освои залтниот медал на азискиот куп, ќе се одслободи уште едно место, но тоа ќе и припадне на Европа, а не на селекцијата што го освоила деветтото место на СП во Катар. Барем така велат правилата на ИХФ, но шанса постои.
Примерот на Германија и Исланд, кои не се пласираа на мундијалот што е во тек, но сепак подоцна добија покани од организаторите да играат на СП, потврдува дека има надеж и за Македонија.
Најдобро е Македонија на Европското првенство во Полска годинава да се избори за еден од двата билети за квалификациите за ЛОИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.