| четврток, 6 декември 2018 |

Германија и Франција победија, Македонија деветта на СП во Катар

Германија и Франција се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет во Катар, што и донесе директно и пласман на деветтата позиција на Македонија, како најдоброрангирана селекција што испадна во осминафиналето. Со 4 победи и 2 порази македонските ракометари го завршија мундијалот во Катар, а четвртфинални двојки се Германија – Катар, Словенија – Франција, Хрватска – Полска и Шпанија – Данска.

france

Денеска мини-изненадување приреди Полска со победа од 24-20 и елиминација на Шведска. Во останатите три осминафиналиња што се играа денеска Германија го победи Египет со 23-16, Данска беше подобра од Исланд и мина понатаму со триумф од 30-25, а најуверливи беа Французите со успешен настап и победа од 33-20 со Аргентина.

Четвртфиналните дуели ќе се играат задутре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top