| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар се излеа кај демиркаписко Бистренци

demir kapija

Водата на реката Вардар се излеа кај селото Бистренци и дојде близу пумпата со која селото се снабдува со вода. Од излеаните води на Вардар блокиран е и патот кон Демир Капија.

– Во моментов работиме интензивно на заштита на пумпата. На терен се луѓето и механизацијата на сепарација „Жак Транс“. Патот кон Демир Капија е блокиран од излеана вода од Вардар, исто така. Делумно е оспособен патот кон Неготино и може да се помине, но со внимателно возење на преминот кај урнатото мовче, информира Живко Шипинковски, претседател на месната заедница.

Тој нагласува дека постојано се во координација со градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев со цел надминување на штетите од дождовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top