| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар на критично ниво

Општина Велес со саботата ја информираше јавноста дека водостојот на реката Вардар се наоѓа на критичното високо ниво, а според информациите на надлежните служби во наредниот период се очекува и зголемување на приливот на вода.

Во тој правец упатуваме апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток долж течението на реката Вардар будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top