| четврток, 6 декември 2018 |

Се роди бебе над Атлантикот

бебе

Една 33-годишна жена се породи во авион, додека леталото се наоѓало над Атлантски Океан на својот лет од Јордан до Њујорк.

При породувањето помогнале еден лекар и една медицинска сестра кои случајно се нашле меѓу патниците во авионот.

Властите на аеродромот во Њујорк соопштија дека 33-годишната Јорданка, Вера Џабер, која патувала сама, родила здраво бебе тешко 2,7 килограми.

– Според она што ни го раскажа лекарот, породувањето се случило многу брзо – изјави портпаролот на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“, Џо Пентанџело.

Веднаш по слетувањето на авионот, мајката и новороденчето се пренесени во болница.

Според американското законодсвство, сите деца родени на територијата на САД автоматски добиваат американско државјанство. Но, во законите не е прецизирано дали оваа одредба важи и за децата родени во воздух на пат кон САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top