| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија 24/7 во Катар

Македонија е во друштвото на седум репрезентации во Катар на ракометниот мундијал со максимален учинок во досегашниот дел од првата фаза по групи. На Светското првенство учествуваат 24 репрезентации, па седмицата во која е и Македонија совршено се совпаѓа со позната максима 24/7. Овојпат на малку поинаков начин и означува дека сме во одбраното друштво од 7 селекции со стопостотен ефект на досегашниот дел од турнирот.

makedonija-1

Во Б групата идентичен учинок со нас има и Хрватска, селекција што ни е следен противник, утре од 17 часот. Македонија ги победи Тунис, Иран и БиХ, а „огнените“ под палката на селекторот Голужа нанижаа три победи против Австрија, Тунис и Иран.

Слична е ситуацијата и во А групата, а таму светскиот првак Шпанија и домаќинот Катар се со стопроцентен ефект и во меѓусебен меч ќе одлучат која репрезентација ќе биде прва и во соминафиналето ќе игра со четвртопласираната селекција од нашата група.

Очекувано во Ц групата „орото“ го водат повеќекратните шампиони на големите натпреварувања, Шведска и Франција. И „викинзите“ и „триколорите“ имаат по две победи, а допрва денеска ги очекуваат натпреварите од третата рунда.

fra

Најгусто е во последната Д група, каде само Германија има максимален учинок по две рунди. Тие се протнаа на мала врата на мундијалот, откако добија дополнителна покана, а засега ја оправдаа довербата со победи против Полска и Русија. Денеска за нив следи нов тежок тест против Данска, репрезентација која киксна со Аргентина, во меч што заврши нерешено 24-24, што е најголемо изненадување досега на турнирот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top