| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков си собра колекција часовници во Катар

Дејан Манасков блеска на шампионатот во Катар, крилото на Металург е незадржливо и игра во голема форма. Денеска повторно леташе на теренот и одигра ефикасно, постигнувајќи 6 погодоци. Со тоа ја заслужи и наградата за најдобар поединец на мечот со Босна и Херцеговина, доби часовник, што му е втор во третиот натпревар на СП.

makedonija-svajcarija-11

Претходно и во првото коло Манасков беше прогласен за најдобар поединец на теренот, а како му оди ќе си собере цела колекција на часовници во Катар. Македонија денеска ја победи БиХ со 25-22 и ја прокнижи третата победа на турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top