Се е во знакот на бројот два за Македонија пред почетокот на третото коло на Свесткото првенство во Катар. Имаме две победи, на двапати постигнавме по 33 гола, против Тунис во победата од 33-25 и со Иран кого го надигравме со 33-31, а и индивидуалните признанија се во подвлечени со двојката.
Кирил Лазаров, кој е рекордер на мундијалите со 92 погодоци, моментно е втор на листата на стрелците со 19 гола, заедно со Иван Чупиѓ од Хрватска. Пред нив е само неверојатниот Словенец Гајиќ со 24 погодени удари. И тоа 15 од нив само на еден меч, тој на Словенија против Белорусија. Гајиќ тогаш упати 17 шута, а погоди 15 пати, што е своевиден рекорд во светот на ракометот.
Второто место засега го држи и Филип Миркуловски, на листата на најдобри асистенти на турнирот. Македонскиот среден бек на првите две средби вкупно 11 пати ги проигра соиграчите, а тие стрелаа прецизно во гол, еднаш помалку од Арон Палмарсон од Исланд. Зад Миркуловски на оваа ранг-листа се наоѓаат Ким Андерсон од Шведска, Шпанецот Раул Ентрериос и Масуд Беркус од Алжир, сите со по десет асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.