| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ – зем­ја­та со ле­ген­дар­ни ра­ко­ме­та­ри денеска е противник на Македонија

Бос­на и Хер­це­го­ви­на има бо­га­та ра­ко­мет­на исто­ри­ја со врв­ни игра­чи од ка­ли­ба­рот на Абаз Арс­ла­на­гиќ, Зла­тан Са­ра­че­виќ, Ир­фан Сма­и­ла­гиќ, Не­бој­ша По­по­виќ… Ра­ко­ме­та­ри што оста­ви­ле тра­ен бе­лег во свет­ски­от ра­ко­мет. Тие се дел од злат­ни­те вре­ми­ња на ју­гос­ло­вен­ски­от ра­ко­мет, ко­га БиХ по­ну­ди пле­ја­да врв­ни ра­ко­ме­та­ри и ја има­ше пр­ва­та еки­па што го осво­и­ла европ­ски­от врв.

Бо­рац Ба­ња Лу­ка во 1976 го­ди­на ста­на европ­ски пр­вак во то­гаш­ни­от Куп на шам­пи­о­ни­те. Тоа се ста­ри­те до­бри вре­ми­ња, на кои во БиХ се се­ќа­ва­ат со ра­дост, а нов све­тол мо­мент за исто­ри­ја на не­за­вис­на БиХ се слу­чи на 15 ју­ни 2014 го­ди­на. Во ист ден ма­шка­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја на БиХ го оди­гра пр­ви­от меч на мун­ди­ја­ли­те и по го­ле­ма би­тка за­гу­би со 1-2 од свет­ска ве­ле­си­ла ка­ква што е Ар­ген­ти­на. Не­кол­ку ча­са прет­ход­но ра­ко­ме­та­ри­те на­пра­ви­ја ви­стин­ски под­виг со ре­ми­то 29-29, во Рејк­ја­вик, про­тив Ис­ланд, за прв плас­ман на СП. Со нас, Хр­ват­ска и Сло­ве­ни­ја Бо­сан­ци­те го чи­нат бал­кан­ски­от квар­тет во Ка­тар. И ждреп­ка­та са­ка­ше трој­ца од нив да се во гру­па­та Б.

Во Катар „босанците“ се за првпат на ракометните мундијали, а по две рунди имаат 50 процентен ефект. Во дебито ја победија селекцијата на Иран со 30-25, а потоа загубија од Австрија со 21-23. Ако сакаат да ја минат фазата по групи и да играат во нокаут фазата, за нив клучен е денешниот меч против Македонија. Ние имаме максимален учинок и две победи од два дуели досега, а од 17 часот ќе бараме потврда на квалитетот и хет-трик на СП во Катар.

biha

Ка­ко што са­ми­те ве­лат, во БиХ со­ста­вот за Ка­тар не­ма го­ле­ми ѕвез­ди, но тим­ски­от дух им да­ва на­деж за ус­пех. Му­ха­мед То­ро­ма­но­виќ, кој игра во фран­цу­ски Кре­теј за­ед­но со на­ши­от гол­ман Бор­ко Ри­стов­ски, от­скок­ну­ва со ква­ли­те­тот. Искус­ни­от пи­кер (30 го­ди­ни) има 111 на­ста­пи за БиХ и 382 го­ла, убед­ли­во најм­но­гу од оваа ге­не­ра­ци­ја на ра­ко­ме­та­ри. Ту­ка е и чле­нот на Вес­прем Мир­сад Тер­зиќ, по­тоа и Ни­ко­ла Пр­це, Иван Ка­ра­чиќ (брат на вар­да­ро­ви­от гол­ге­тер Игор Ка­ра­чиќ). Се­пак си­ла­та на ти­мот е во ко­ле­ктив­ни­от дух и во пре­поз­нат­ли­ви­от ма­ги­чен бал­кан­ски стил на игра, со мно­гу дух, со ра­ко­ме­та­ри што има­ат врв­на тех­ни­ка.

До исто­ри­ја и прв на­стап на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње ги пред­во­де­ше се­ле­кто­рот Дра­ган Мар­ко­виќ, кој ќе би­де пред­вод­ник на БиХ од клу­па­та и во Ка­тар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top