| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Најважно е што победуваме

Македонија се намачи со аутсајдерот и дебитант на мундијалите Иран, но сепак што е најважно забележа нова победа на Светското првенство во Катар. Почнавме со дел од резервистите, кои покажаа дека се подготвени да дадат придонес во продолжението од шампионатот. Блескаше Немања Прибак со 5 гола без промашување, а добро е што и дел од главните адути на Македонија се одморија пред продолжението на натпреварите од Б групата во понеделник. Следен противник ни е селекцијата на Босна и Херцеговина од 17 часот, задутре.

trener-obrvan

Најважно од се е што победивме и што одиме во следниот круг со четири бода. Секако не ми беше планот резервните играчи да ги играат сите 60 минути, а задоволен сум од она што го прикажаа за времето минато на теренот. Нормално беше во клучните моменти да играат најдобрите, сепак за мене најважно е што ја остваривме целта, а тоа беше максимално четири бода по првите две колаМалку се почуствува и заморот и психолошката истоштеност од првиот натпревар со Тунис, но најважно е што победивме“, изјави селекторот Ивица Обрван.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top