| четврток, 6 декември 2018 |

Челси дели петки во Премиерлигата

celsi

Челси гази немилосрдно во Премиерлигата, а денеска подели уште една петка за потврда на првото место. Во Велс, Челси го декласира Свонси со 5-0, а блескаа Оска и Коста со по два гола. Стрелец на последниот гол за Челси беше Шурле за нов убедлив триумф во Англија.

Победа забележа и Манчестер јунајтед во Лондон против Квинс Парк Ренџерс со 2-0. Маруане Фелаини беше стрелец на првиот гол, а победата ја потврди Вилсон. Со идентичен резултат славеше и Ливерпул против Астон Вила, а Тотенхем го затвори кругот на фаворити со победа во 22. коло против Сандерленд со 2-1.

Резултати: Свонси – Челси 0-5, КПР – Манчестер јунајтед 0-2, Лестер – Стоук 0-1, Барнли – Кристал Палас 2-3, Астон Вила – Ливерпул 0-2, Тотенхем – Сандерленд 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top