Македонија е на еден чекор до пласман во нокаут фазата, по втората победа на Светското првенство во Катар против Иран со 33-31. Неочекувано се намачивме со дебитантот на мундијалите, но сепак на крајот прокниживме нови бодови и имаме максимален учинок на врвот на табелата во Б групата.
По првиот дел водевме со 19-17, во продолжението Македонија поведе и со 5 гола разлика, 27-22 и сигурно чекоревме кон новата победа на СП.
Кирил Лазаров почна како разервист за да се одмори, но влезе во финишот на првиот дел и е најефикасен на мечот со 9 гола, 6 од нив од седмерци. Немања Прибак имаше стопроцентен ефект од 5 гола од 5 упатени удари, додека 4 погодоци постигна Недановски. Гоце Георгиевски и Стоилов по трипати беа прецизни за втора победа на мундијалот во Катар.
Утре Македонија не игра, а задутре не чека балканското дерби против БиХ. По две кола Македонија и Хрватска, која денеска го победи Тунис со 28-25 се на врвот на табелата со по 4 бода. Иран и Тунис се на дното без бодови, а дуелот меѓу Австрија и БиХ што се игра подоцна ќе одлучи кој ќе ги освои првите бодови во Б бгрупата во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.