| четврток, 6 декември 2018 |

Спенсер Елден, бебето од албумот на Нирвана

nirvana 1Ретко кој не ја препознава фотографијата на најпродаваниот албум на Нирвана, голото бебе под вода со долар пред него. Приказната пак за тоа како е дојдено до оваа фотографија е далеку од предвидлива.

Спенсер Елден, студент и уличен уметник роден на 7 февруари 1991 , како бебе бил „фрлен “ во базен во јужна Калифорнија за да биде фотографиран. Неговата мајка, како што сега раскажува Спенсер, имала „визија“ дека на нејзиното дете „ќе биде насекаде“.

Пред фотографијата од бебето во вода да го одбележи албумот со кој се разви цел нов правец во музиката, Елден мајката правела украсни магнети за фрижидери кои ги подарувала на пријатели.

nirvana 2Спенсер сега раскажува како е направена фотографијата која ја препознаваат сите.

-Не мислам дека моите родители не размислуваа многу кога била снимена фотографијата. Знаеја кои се Нирвана, но не ја познаваа таа сцена. Јас имам четири месеци, а татко ми посетуваше уметничко училиште, каде што негов пријателч често му барал помош во изработка на проекти. Па еден ден фотографот Кирк Видл му се јавил и му рекол „дали сакаш да заработиме пари денеска и да го фрлиме твоето дете во базен?“. Родителите ме однеле до местото, ми дувнале неколку пати в лице за да стекнам рефлекс, ме „потопиле“ снимиле неколку фотографии, ме извадиле од вода. И толку, земале 2оо долари и заминале на тако. Ништо особено- раскажува најпопуларното бебе од деведесетите години.

Албумот „Невермајнд“ на Нирвана со корицата на која е Спенсер Елден е продаден во три милиони примероци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top