Ивица Обрван потполно го надмудри искусниот ривал на клупата на Тунис, Сеад Хасанефендиќ и на тактички план ја доби битката со 66-годишниот селектор на тунижаните. Македонија неочекувано лесно го нокаутира првиот противник на СП во Катар со 33-25, а одлично функционираа и нападот и одбраната во нашиот табор.
„Знам дека цела Македонија слави, победата е слатка, но нема потреба од еуфорија бидејќи сето тоа би било попусто кога утре не би забележиле нов триумф против Иран“, изјави Обрван по дуелот со Тунис.
Во нападот игравме мошне ефикасно со сензационален процент на реализација од над 80 посто, а и во одбраната бевме на посакуваното ниво, со тоа што потполн о ја сопревме правта ѕвезда на Тунис, Ваел Жалуз, ракометар што настапува во Барселона, заедно со Кирил Лазаров.
Утре ќе играме со Иран од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.