| четврток, 6 декември 2018 |

Тунис се збуни пред моќната Македонија, разиграно до блескав триумф (33-25)

Македонската репрезентација ја забележа првата победа на Светското ракометно првенство во Катар, во првиот и мошне значаен меч против Тунис во рамките на Б групата. Славевме со 33-25 и тоа на многу убедлив начин против репрезентација што ја краси цврста одбрана.

Тактиката на Ивица Обрван се покажа како одлична, а во дело на супериорен начин ја спроведоа неговите избраници. Борко Ристовски блескаше на голот со 13 одбрани, а од сите позиции го решетавме голот на африканскиот гигант. Кирил Лазаров постигна 10 гола и беше вистински лидер во нашиот состав, а блескаа и Дејан Манасков со 6 гола без промашување, исто како и Миркуловски.

 

Rakomet Makedonija Grcija 17 (Custom)

Стојанче Стоилов постигна 3 погодоци, а по два гола постигнаа Мојсовски и Георгиевски. Едноставно се функционираше во нашиот табор, а Обрван потполно го надмудри стариот лисец на клупата на Тунис, Хасанефендиќ, кој важи за еден од најдобрите ракометни стратези на планетата.

Утре од 17 часот играме против Иран во второто коло од мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top