Македонија има предност од 4 гола, 18-14, по првиот дел на првиот меч од мундијалот во Катар против Тунис, а одличната игра во нападот беше решавачка за солидната резерва пред стартот на продолжението.
Тунис постојано водеше во првите десетина минути, а извонредната серија од 8-1 не доведе до најголемата предност од 13-8. Кирил Лазаров со 4 гола, потоа Манасков, Стоилов и Миркуловски со по 3 нѐ водеа до значаен пресврт. Во еден момент Македонија имаше извонредна реализација на нападите од 81 процент.
Борко Ристовски брани одлично, фати 6 топки, а и одбраната функционираше солидно. Кај Тунис, Санај е најефикасен по 30 минути игра со 4 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.