| четврток, 6 декември 2018 |

„Јас сум Шарли“ – Како да наплатиш трагедија

France Attacks Rally Canada

Пораката „Јас сум Шарли“ стана глобално одбележје во сочувството со болката и заедничкиот глас за слобода на говорот и медиумите, но набрзо стана и порака во која некои луѓе гледаат и профит.

Какп што пишува „Би-би-си“, повеќе од 50 лица се обиделе да го заштитат слоганот „Јас сум Шарли“ во францускиот Завод за заштита на интелектуалната сопственост.

Познатиот слоган со осмисли Жоаким Ронсин, кој за нападот првпат случнал во својата редакција во модниот магазин „Стајлист“.

– Работевме на следниот број кога еден колега на Твитер виде што се случува. Бевме шокирани, набрзо почнаа да стигнуваат пораки во кои пишуваше дека луѓето се загрозени или престрашени – изјави Ронсин за „Би-би-си“.

Тој набрзо го испишал логотипот со сега веќе познатиот фонт.

Иако имал само 400 следбеници на Твитер, неговиот слоган многу брзо се раширил по целиот свет, а милиони луѓе го твитувале во наредните часови.

– Пораката е јас сум слободен, не сум уплашен – изјави тој.

Набрзо пораката се пренесе на светските улици, се печатеше на листови хартија, постери беџови, маици, моливи…

Тој се трудел да не се појавува во медиуми, но одлучил да проговори откако видел колкумина сакала да направат профит и марка од тоа.

– Заводот решил да не прифати ниту едно барање поради широката употреба на овој слоган – пишува во соопштението.

Според АФП, биле забележани најразлични комерцијални експлоатации на слоганот, а со тоа и на трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top