Околу 500 луѓе од Велика Британија потпишале петиција во која се бара промена на слоганот на новата линија на долна облека на брендот Викторија Сикрет. Слоганот испраќал погрешна порака до светот.
Веќе сме навикнати долната облека на оваа модна куќа ја рекламираат можеби најубавите и најзгодните жени во светот, но последната линија на долна облека која е наречена “Совршено тело”, која според мислењето на некои луѓе е навредлива за жените низ целиот свет.
Потписниците на петицијата велат дека оваа порака значи дискриминација, затоа што од оваа реклама голем број луѓе сфатиле дека само овие модели имаат совршено тело, а добро знаат со какви здравствени проблеми се справуваат моделите за да имаат такво тело.
Тие бараат оваа американска модна куќа да се извини, поради тоа што користи погрешни зборови кои ја разнишале самодовербата на многу жени.
“Тие го користат слоганот совршено тело “, со цел да се привлечат жените да купуваат од оваа долна облека за да се чувствуваат удобно во својата кожа, но во исто време предизвикува чувство на несигурност во нив, што е сосема манипулативно. Бараме промена на слоганот на кампањата и јавно извинување “, изјавиле потписниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.