| четврток, 6 декември 2018 |

Светски медиуми: „Шарли ебдо“ го нападнале терористи, а Македонија вооружена група

sarli

Масакрот на новинарите во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ медиумите го окарактеризираа како терористички напад! За подмолниот напад на албанските терористи имаат друг аршин! Речиси ниту еден европски и светски медиум нападот во Куманово не го окарактеризира како терористички напад.

Во нападот на албанските терористи животот го загубија осум македонски полицајци, а уште 37 се повредени. Полицијата ликвидираше 14 терористи.

Американската „Си-Ен-Ен“ пренесува дека во Куманово дојде до судир на „полицијата со вооружени напаѓачи“, а слични вести имаа и британските „Би-Би-Си“, како и „Дејли меил“.

На ист начин известуваа и германските медиуми. Конзервативниот весник „Велт“ пишува „најнестабилната земја во Европа“ се наоѓа пред нова војна, притоа наведувајќи дека дошло до престрелка меѓу „полицијата и герилски борци на северот во Македонија“, настрадале околу 40 лица, предупредувајќи дека се заканува „конфликт меѓу Словените и Албанците“ како во 2001 година.

Овој медиум во текстот со наслов „Најнестабилната земја во Европа пред нова војна“ наведува дека и Русија игра една улога во сето ова. Печатот пишува дека „според познавачите на ситуацијата во Приштина“, повеќето Албанци кој македонската полиција ги уапси, во затворот биле „тешко малтретирани и делумно повредени“, исто така наведува дека биле апсени цивили, меѓу другото и една фамилија со три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top