| четврток, 6 декември 2018 |

„Викторијас сикрет“ ги навреди своите клиентки

victorias-secret-obidi-klientite-si-jestoko-267656

Светски познатата марка „Викторијас сикрет“, со својата последна рекламна кампања, разлути илјадници свои клиенти. Новите модели на компанијата се нудат под слоганот  „Совршеното тело“. Тоа стана причина три британски ученички да почнат антикампања која го осудува новиот слоган.

– Рекламата за овој градник ја овековечува ниската самодоверба кај жените кои немаат толку минималистички мерки, коментираат девојките. Тие се категорични дека брендот треба да ја преземе својата одговорност и да им се извини на сите жени во светот за уривање на нивната самодоверба. Назадоволните собрале над 30 илјади потписи и бараат рекламата да биде симната и дамите да добијат извинување од компанијата.

Модната марка ја претстави својата верзија на рекламата за „Совршено тело“ и ја претстави разновидноста на женските тела. Таа покажува слика, на која има десет жени кои изгледаат сосема поинаку, има и слаби, но и многу раскошни модели. Од оваа причина, компанијата го промени мотото само во е-продавниците, но постерите по продавниците се останати исти.

Рекламирањето доведе до создавање на ознаката #јас сум совршена.

B1G-962CIAIekQp

resi2ze

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top