Хуанита Валентина Хернандез од Колумбија има само 10 месеци и тежи неверојатни 20 килограми. Се родила со тежина 2.700 грама, но ова девојче се развива побрзо од другите деца. На возраст од 10 месеци просечна тежина е 8,6 килограми.
– Кога имаше 15 дена, веќе имаше дебели обравчиња, а се роди многу мала, ситна. Оттогаш нејзината тежина расте и нејзината дебелина станува опасна – вели нејзината мајка Сандра Франко.
Мајката е невработена, па за Хуанита се грижи една хуманитарна организација од Колумбија. Тамошниот лекар истакнува дека дебелината на Хуанита е надвор од сите граници. Кај бебињата прекумерната тежина може да предизвика повеќе синдроми: Прадер-Вил синдром кој предизвикува постојано чувство на глад, Кушингов синдром и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)