| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец истепал полицаец

Ноќва околу 1,45 часот после полноќ полициска контрола го застанала 41-годишниот И.А. на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје. При обид да биде легитимиран од страна на полициските службеници, скопјанецот физички нападнал еден од нив нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето.

И.А. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top