Од 15 септември досега 17.012 граѓани се јавиле на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“. Во изминатите седум дена на линијата имало 1.109 повици.
Здравствен дом – Скопје соопшти дека на телефонската линија 22 доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите граѓани кои се јавиле на „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија доколку било потребно. На две лица поради здравствената состојба за која ја јавиле на „Ало докторе“ повикот им бил пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош 194.
Од Здравствен дом – Скопје посочуваат дека јавувањата во изминатава седмица најчесто биле за респираторни симптоми, кашлица, настинки и зголемена телесна температура.
Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи. На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурен ќе биде директорот на Клиниката за неврохирургија, проф.др.
Утре на телефонската линија за медицински совет дежурен ќе биде директорот на Клиниката за дигестивна хирургија др.Сашо Караѓозов. На 14 јануари дежурна ќе биде доктор Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија, на 15 јануари доц.др.Темелковски од Клиниката за ортопедски болести, на 16 јануари директорот на Клиниката за гастроентерохепатологија, проф.др.Ненад Јоксимовиќ.
На 17 јануари од 18 ч до 22 часот дежурна на линијата ќе биде проф.Др.Надица Митревска од Универзитетската клиника за радиологија, а на 18 јануари директорката на Здравствен дом Железничар, доктор Соња Тасевска – Васиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.