| четврток, 6 декември 2018 |

Алжир одличен тест за македонската репрезентација

Репрезентацијата на Алжир ќе биде првиот противник на Македонија на ракометниот турнир во Нант, вечерва од 20,45 часот, како прв посериозен тест пред настапот на Светското првенство во Катар.

Африканскиот стил на игра на Алжирците потполно им одговара на избраниците на Ивица Обрван со оглед на тоа што Тунис на 16 јануари ќе ни биде првиот противник на мундијалот.

Rakomet Makedonija Grcija 12 (Custom)

Патешествието до Нант преку Париз не беше едноставно за македонската експедиција поради случувањата во Франција, но од нашиот табор велат дека се подготвени за старт на турнирот на кој учествуваат и домаќинот и Аргентина.

Токму со мечот меѓу Франција и „гаучосите“ денеска од 18,15 часот ќе биде отворен турнирот во Нант, а по нив е дуелот меѓу Македонија и Алжир.

Утре поразените ќе играат за трето место од 15,30 часот, а победниците во финалето закажано за 18,15 часот. Двата натпревари на македонската репрезентација во Нант ќе ги пренесува во живо националниот сервис МРТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top