| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија стаса до сто и еден на ранг-листата на ФИФА

Македонската репрезентација ја почнува 2015 година од 101. позиција на ранг-листата на ФИФА. Паднавме за една позиција во однос на последното рангирање од минатиот месец, а повторно сме надвор од топ 100.

makedonija-slovacka-8

Новата година македонската репрезентација ја почнува со 327 бода, речиси 1.400 помалку од лидерот Германија. Поради зимските услови и неиграње квалификациски или пријателски мечеви драстични промени немаше на ранг-листата. Прва е Германија како актуелен светски првак, зад неа во топ 5 се Аргентина. Колумбија, Белгија и Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top