| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту Гвинет не е совршена

Секогаш совршено дотерана, секогаш подготвена да даде совет за здрава исхрана, за секс, за тоа како да се подобри квалитетот на животот, секогаш насмеана и би можело да се каже, совршена. Станува збор за 42-­годишната Гвинет Палтроу.

Но, таа не сака жените низ светот да мислат дека е совршена. Глумицата на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа без шминка и откако ќе ја среди визажист. Без шминка, нејзиното лице е бледо и безизразно и ништо посебно не се истакнува.

Кога ќе ја нашминкаат, приказната е поинаква. Гвинет тогаш има нагласени јаболчици, нема подочници, очите и се бистри и големи, усните и вилицата фино нагласени.

– И мене понекогаш ми треба помош за да бидам убава – напиша Палтроу под фотографијата и прими голем број пофалби затоа што не се срами да признае дека не е секогаш совршена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top