| четврток, 6 декември 2018 |

Овој развод никој не го очекуваше: позната Холивудска двојка му става крај на бракот

Ги сметаа  за една од најскладните  двојки.

По објавата дека се разведуваат, Гвинет Палтроу и Крис Мартин наводно имаа спогодбен договор, како околу разводот, така и околу децата и имотот. Старателствотот ќе биде еднакво поделено, како и нивниот имот.

Имаше шпекулации дека нивниот однос веќе две години наназад не е најдобар како и дека Гвинет е таа која ја започнала постапката за развод на бракот. Меѓутоа, двајцата сакаат да го сторат тоа што е најдобро за нивните деца, Епл (15 години) и Мојсје (9 години).

Токму поради тоа и сега го имаат ставот кој од секогаш го имале: својот приватен живот го држат далеку од очите на јавноста и не сакаат никкави скандалозни наслови, како во нивните така и во животите на нивните деца.

gvin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top