| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван го скрои конечниот список за Катар, Ојлевски не патува на СП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван одлучи кои 18 играчи ќе патуваат за Катар на Светското првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 1. февруари.

Од поширокиот список со 21 ракометар испаднаа младиот Филип Талески, кој е прекомандуван во младинската репрезентација за да помогне во квалификацискиот циклус за СП во Бразил и Стојчевски и Ојлевски.

Мало изненадување е изоставувањето на Гоце Ојлевски, а предност доби Владо Недановски, кој се најде на списокот со патници за Катар.

„Јас би сакал сите да можеа да патуваат за Катар. Ојлевски работеше одлично на првичните подготовки, но се одлучив за Недановски, ракометар што ни нуди повеќе опции во играта во одбрана. Верувам во Ојлевски дека ќе се наметне за идните репрезентативни акции“, изјави Обрван.

Rakomet Makedonija Grcija 02 (Custom)

Еве го конечниот список на македонски репрезентативци што ќе патуваат за Катар:

Голмани: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митровски.

Леви крила: Дејан Манасков, Владо Недановски.

Десни крила: Гоце Георгиевски, Златко Мојсоски.

Пивоти: Столе Стоилов,Ванчо Димовски, Никола Маркоски.

Десни бекови: Кире Лазаров, Ренато Вугринец.

Леви бекови: Наумче Мојсовски, Филип Лазаров.

Средни бекови: Филип Миркуловски, Немања Прибак.

Одбрана: Ацо Јоноски, Велко Маркоски.

Македонија во првата фаза ќе игра во Б групата со Тунис, БиХ, Хрватска, Иран и Австрија. Првите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top