Навивачите на Јеовил немаат многу причини за радост, нивниот клуб е на последното место во Првата англиска лига, но тие не губат надеж, а дека се креативни покажаа со транспарентите на дуелот од ФА купот против Манчестер јунајтед.
„Го сакавме Манчестер сити за противник“ истакнаа транспарент расположените навивачи на „Сомерсет“. Внимание заслужи уште една интересна парола на која пишуваше „Кој е Манчестер, дојдете да го гледате Јеовил“.
Сепак на теренот фаворитот Манчестер јунајтед лесно славеше со 2-0, а британските медиуми не заборавија да ги споменат креативните транспаренти на навивачите на Јеовил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение