| четврток, 6 декември 2018 |

И во Битола првороденото бебе е женско

bebe_meksiko

Илустрација

Првото новороденче во Битола е женско, а во првите часови од новата 2015 година се родиле уште три бебиња.

Клиничка болница – Битола информира дека во текот на ноќта во Одделението за ургентна медицина биле примени десеттина лица на различна возраст со мачинини во стомакот и висок крвен притисок, а на пет им била потребна детоксикација.

Првото бебе во Куманово е машко, а тоа е второ дете на  Изнуре Адеми од село Отља. Бебето родено е во пет часот и пет минути по полноќ.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, посакувајќи му многу здравје и долг живот на бебето, му подари златник и пригодни подароци.
Новороденчето и мајката добија пригодни подароци и од директорот на болницата,Ариф Љатифи кој оцени дека новогодишната ноќ била релативно успешна за акушерското одделение од болницата.
Според шефот на акушерското одделение и родилна сала, доктор Лидија Јовчевска Ивановска просечно во Куманово се раѓаат 1600 бебиња годишно, близу 2 проценти повеќе се раѓаат машки бебиња

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top