| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити се израмни со Челси на врвот, кикс на Арсенал и на Ливерпул

Манчестер сити се намачи со аутсајдерот Сандерленд, но сепак победи со 3-2, како новогодишна честитка за навивачите и стаса на делба на врвот во Премиерлигата со 46 бода, колку што има лидерот Челси. Тимот од „Стамфорд Бриџ“ сепак има еден натпревар помалку, тој денеска од 18, 30 часот со Тотенхем и шанса да го задржи лидерското место.

siti

Сити поведе со 2-0 со головите на Туре и на Јоветиќ, но дозволи Сандерленд да израмни на 2-2, за кус период за само 3 минути. Родвел и Џонсон најавија сензација во Манчестер, по теркот на Барнли, но такво нешто не дозволи Лампард. Ветеранот постигна победоносен погодок во 73. минута, со што се затвори голеадата од 5 погодоци за само 16 минути. Претходно Сити прокоцка 2-0 против Барнли и освои само еден бод во ремито од 2-2.

Кикс направи и Ливерпул, по нерешениот резултат, 2-2, дома против Лестер, а пораз претрпе Арсенал во дуелот со Саутемптон на гости.

Резултати, 20. коло: Стоук – Манчестер јунајтед 1-1, Манчестер сити – Сандерленд 3-2, Ливерпул – Лестер 2-2, Саутемптон – Арсенал 2-0, Астон Вила – Кристал Палас 0-0, Њукасл – Барнли 3-3, Вест Хем – ВБА 1-1, КПР – Свонси 1-1, Хал – Евертон 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top