Девојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра здравствена состојба.
– Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа – изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника.
Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија златна монета и плакета.
Како што рече министерот Спасов, Лазаревска со оглед дека е мајка на три деца, десет години секој месец ќе прима надомест од околу 8.000 денари. Моментно ваквата бенефиција ја користат 17.686 мајки.
На семејството Лазаревски многу здравје, среќа, успех и бериќет им посака и градоначалникот Трајановски.
Женското бебе Миа има две поголеми сестрички од 18 и 16 години.
Според директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџилега, од полноќ до сега имало три породувања од кои покрај првото женско бебе на свет се донесени уште две машки. Едното од нив е бебе на медицинска сестра вработена во Клиниката.
Изминатата 2014 година Клиниката за гинекологија ја завршила со 6.000 породувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)