| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов го продолжи договорот со Вардар

Петар Ангелов  потпишa нов договор со ракометниот клуб Вардар и ќе остане уште две сезони. Ангелов пристигна во Вардар ланската сезона од редовите на големиот ривал Металург и бранеше одлично за „црвено-црните“ и покрај силната конкуренција со Арпад Штербик и Страхиња Милиќ.

 SG Flensburg-Handewitt vs HC Vardar Skopje

– Среќни сме што во екипата имаме професионалец како Ангелов, кој со своето залагање и однесување на тренинзите и на натпреварите претставува вистински пример, и идол на идните генерации. Неговото останување во Вардар ја потврдува амбицијата на клубот да ги задржи сите квалитетни играчи кои можат да придонесат кон остварување на зацртаните цели – изјави директорот на Вардар, Давор Стојановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top