Вардар ќе биде македонска репрезентација во мало, а блиску до „црвено-црниот“ дрес е и напаѓачот Мирко Ивановски. Тој ги договори сите детали со раководството на Вардар, а останува уште да се добие зелено светло од сегашниот негов клуб Клуж од Романија, за да се комплетира трансферот.
Тоа веројатно ќе биде само формалност, бидејќи Ивановски не добиваше посериозна шанса за настап во Клуж во последниот период. Напаѓачот има настапувано за македонската репрезентација и ќе биде дел од ростерот на Вардар, составен од дузина сегашни и поранешни репрезентативци.
Претходно во зимскиот преоден рок кај најтрофејниот македонски фудбалски клуб пристигнаа и Дејан Блажевски, Томе Пачовски и Стефан Спировски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



