Двегодишно дете од Куманово во сабота вечер починало на Клиниката за детски болести. Според информации на Здравство24, со возило на Брза помош било донесено во терминална фаза.
Според дежурниот медицински персонал, детето било апсолутно инкомпатибилно. Резултатите од крвната слика биле катастрофални – хемоглобин 22 и еритроцити 0,9 што според лекарите е невозможно да биде спасено. Половина час траела реанимацијата, но немало шански за спасување на детскиот живот. Сите кои биле на работа таа вечер се шокирани и згрозени од она што го виделе. Велат не паметат ваков случај досега. Детето било тешко едвај 13 килограми, изгледало неухрането, објавува порталот.
Било полно со вошки не само по главата, туку спроед сведоштвата на персоналот вошките го лазеле и по телото. Не било бањато, било запоставено а за да има таква крвна слика, прашање според здравствените работници е дали воопшто добивало храна и дали некогаш видело месо. Бидејќи вошките лесно се пренесуваат, надлежните на Детска, направиле целосна дезинфекција на Ургентниот центар.
Според Здравство24, мајката на детето била со пречки во развојот. На дежурните во Ургентниот центар им кажала дека детето еден месец не можело да стане од кревет, не можело да оди. Пред да биде донесено во Скопје, било пронајдено во дворот со главата во земја. Носот му бил полн со песок и лекарите не можеле да го интубираат.
Двегодишното кумановчанче воопшто не било регистрирано како жител на државата. Немало извод ниту било каква документација за негова идентификација. Мајката имала уште три деца, а била бремена со петтото дете. Полицијата го проверила случајот и констатирале дека станува збор за социјално семејство, но не покренале никаква пријава бидејќи не станува збор за насилна смрт. Причина за поведување на постапка не нашол и кумановскиот обвинител, а нема никаква потврда што правеле кумановските социјални служби имајќи во предвид дека детето немало никави документи.
Обдукцијата треба да покаже од што починало двегодишното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


