Кирил Лазаров пристигна во Македонија од Барселона и е подготвен за големиот предизвик, за настап на Светското првенство во Катар. Десниот бек на нашата репрезентација има прекрасна година зад себе и на клупски и на репрезентативен план, а 2015 година ќе ја почне како најдобар стрелец во Лигата на шампионите и со настап на СП во Катар.
– Пристигнав во Македонија и деновиве треба да се приклучам на тренинзите на репрезентацијата. Задоволен сум од досегашните настапи во 2014 година, а голем предизвик и за мене и за сите репрезентативци на Македонија ќе биде учеството на Светското првенство во Катар – ни изјави Лазаров.
Македонија е во групата Б со селекциите на Хрватска, БиХ, Австрија, Тунис и Иран. Првиот меч го играме на 16 јануари против Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.