| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на уметници од Јапонија во Македонија

tokyo

Светски познатиот македонски тенор Благој Нацоски во текот на својот успешен двонеделен престој во Јапонија, покрај настапите и одржувањето на Мастерклас за студентите по оперско пеење, успеа да иницира и да воспостави контакт со господинот Кацухиро Котецу, познат јапонски оперски пејач и претседател на „Токиo опера“, како и режисер и продуцент, кој ѝ е добро познат и на европската публика.

На покана на Нацоски, во Македонија ќе настапи сопранот Нобуко Такахаши, која му беше партнерка на Нацоски во операта „Љубовен напиток“, со која тој настапи во Јапонија. Покрај Такахаши, господинот Кацухиро Котецу избра и други седум јапонски еминенти уметници кои ќе се претстават пред македонската публика.

Инаку, Котецу и Нацоски иницирале редовна соработка на културно ниво помеѓу Македонија и Јапонија, така што јапонскиот продуцент и режисер ќе направи аудиција за млади оперски пејачи во МОБ за евентуални настапи во Јапонија.

За време на својот престој во Република Македонија јапонските уметници ќе одржат два концерти: на 19 март со почеток во 20 часот во Домот на АРМ во Скопје и на 20 март во Центарот за култура во Битола, исто така, со почеток во 20 часот.

Јапонските уметници пред македонската публика ќе се претстават со дела од Верди, Пучини, Пуленк, Лехар, Шопен, Рахмањинов, Шуман, Лист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top