Користејќи врвни визуелни и 3D ефекти, Скот внесува нов живот во приказната за непокорниот водач Мојсеј (Кристијан Бејл) кој го предводи бунтот против египетскиот фараон Рамзес (Џоел Еџертон) и предводи 400 000 робови во бегство од Египет.
Скот забележува: ,,Животот на Мојсеј е една од најголемите авантури и духовни потраги на сите времиња“. Од воведната битка во која војниците ја напаѓаат Хетитската војска, до огромните кули, застрашувачките епидемии и раздвојувањето на Црвеното море, Скот и дава личен печат на една од најценетите и најважни библиски приказни. „Го сакам сето она што е поголемо од животот”, истакнува Скот.
„Знаев што правам со „Гладијатор“, како да му ги вдахнам животот и чувствата на луѓето од тој период. Со филмот „Егзодус: Богови и кралеви“ сакам да постигнам нешто слично – да ги оживеам египетската култура и Егзодусот на начин кој не е виден порано.”
Во новиот филм на Ридли Скот Егзодус: Богови и кралеви глумат познати актери од различни земји. Изборот на актерската екипа Скот го објаснува: ,,Египет бил – и денес се’ уште е – мешавина на разни култури, се наоѓа на крстопатот меѓу Африка, Блискиот Исток и Европа. Ангажиравме актери од разни националности за да се одрази различноста на културите – од Иранци, Шпанци до Арапи. Постојат многу теории за етницитетот на египетскиот народ, многу дискутиравме за тоа како најдобро да ја претставиме таа култура.” Кристијан Бејл го глуми Мојсеј, Џоел Еџертон Рамзес, Џон Тортуро ја презеде улогата на Сети, Бен Кингсли на Нун, а Арон Пол на Џошуа. Кино публиката овие денови имаше можност да ја погледне премиерата на Егзодус: Богови и кралеви 3D во Лондон, Њујорк и Мадрид каде што присуствуваше и екипата на филмот.
Филмот Егзодус: Богови и кралеви ќе се најде на редовниот репертоар на кината од 18 декември. „Егзодус: Богови и кралеви 3Д (Exodus: Gods and Kings 3D)“ е најновото филмско остварување на генијалниот Ридли Скот, човекот под чија режисерска палка „изникнаа“ легендарни филмски наслови Alien, Blade Runner, Gladiator, Hannibal, Black Hawk Down, Matchstick Men, American Gangster, Robin Hood, Prometheus… Егзодус е приказна за човекот што собра храброст да ѝ се спротивстави на една моќна империја. Побунетиот Мојсеј се крева против египетскиот фараон Рамзес, поведувајќи 600 000 робови во бегство од Египет и бегство од застрашувачкиот Рамзесов свет на измачување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


