| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со победа, а Металург со пораз ја завршуваа 2014 година во СЕХА лигата

Вардар рутински на гостувањето во Нашице против Нексе ја заврши календарската 2014 година во СЕХа лигата со победа од 30-27.
Предноста што ја направија избраниците на Раул Гонзалес од самиот почеток на мечот од три гола рутински ја сочуваа до крајот. Со истата разлика се отиде на полувреме со водство за Вардар од 14-11.
Во вториот дел црвено-црните дојдоа и до пет гола разлика, но Нексе само го ублажи поразот на подносливи три разлика.
Своја вечер имаше левото крило и замената за Тимур Дибиров, Добривое Марковиќ со 11 гола, а на голот блескаше Страхиња Милиќ кој доби шанса од првата минута и успеа да фати 13 топки.

Агонијата на Металург продолжува. По поразите од Вардар и Нексе вечерва во Крагуевац доживеа уште еден пораз од Раднички кој е претпоследен на табелата и до кој до пред овој натпревар имаше само една победа.
Втората победа ја впиша против македонскиот шампион славејќи убедливо со 29-24. Разликата од полувремето кога Раднички водеше со 14-9 остана и на крајот. Сепак Металург на десетина минути до крајот дојде до негатива од два гола, но немаше сили за целосен пресврт.
Наумче Мојовски беше најефикасен кај Металург со осум голови, а солидна партија одигра и Филип Талевски кој даде пет.

Вардар со победата над Нексе се зацврсти на второто место на табелата зад нерипкосновениот Веспрем, додека Металург е се подалеку од место кое води на завршниот турнир и се наоѓа на шестото место со само 11 освоени бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top