| четврток, 6 декември 2018 |

Намален бројот на невработени во Македонија

Минатата година во земјава се регистрирани вкупно 243.403 невработени лица евидентирани на 31 декември во Агенцијата за вработување

невработени

Намален е бројот на невработени во Македонија, соопштија од Агенцијата за вработување. Во споредба со 2011 година, во 2012 година бројот на невработени е намален за 37.741 лице, во однос на 2010 година за 77.938 и во однос на 2009 година, кога во евиденцијата на Агенцијата се регистрирани 341.295 невработени лица, бројот на невработени е намален за 97.892 лица.

Минатата година во земјава се регистрирани 243.403 невработени лица, кои се евидентирани на 31 декември во Агенцијата за вработување.

Најмногу невработени се регистрирани во Скопје – 47.342 лица, со 21.247 невработени на второ место е Тетово, во Куманово имало 19.463 невработени лица, во Прилеп 17.017, во Битола 15.428, во Струмица се регистрирани 13.642 лица, во Велес 10.914, а во Гостивар 10.383. Следат со 8.853 неработени лица Охрид, Кичево со 7146, Струга со 7.094, Штип со 5.451, Крива Паланка со 5.361… Најмалку невработени има евидентирано во Крушево – 1.631 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top