Поетскиот караван, со учество на 60 поети, членови на ДПМ од различни генерации, ќе трае три дена, од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на Блаже Конески пред 93 години.
На 17 декември во 12 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, патронатот на факултетот со свои стихови ќе го одбележат 25 поети. На средбата поздравна реч ќе имаат деканот на Филолошкиот факултет д-р Славица Велева и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. На 18 декември поетскиот караван, посветен на Блаже Конески, ќе се одржи во Домот на македонските писатели со учество на триесетина поети од целата земја, под наслов „Средба на генерации“. На оваа манифестација на учесниците ќе им се обрати Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ. На 19 декември во основното училиште „Блаже Конески“ во Скопје неколкумина писатели за деца на симболичен начин ќе одржат час за Блаже Конески.
Со тридневнната манифестација завршува годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ кој, покрај Скопје, ги посети Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш, Кожле и Ѓорче Петров. Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.