Тешки денови преживува поранешниот европски првак Стеауа, екипа што има огромен рејтинг во источноевропскиот фудбал и 24 титули во Романија.
Пред нецела седмица државата и го избриша името, со пресуда во корист на романската војска, а вечерва Динамо Киев ја избриша од Европа. Со пораз од 0-2 на домашен терен Стеауа е елиминирана од Европа Лигата на УЕФА, бидејќи остана на третото место во Ј групата, зад Динамо и Алборг.
Од европските купови се простија сите тројца македонски репрезентативци што го почнаа циклусот во второто по квалитет натпреварување. Европска пролет не успеаја да изборат Муарем Муарем со Карабах, Бесарт Абдурахими со Локерен и Адеми со Динамо Загреб. Сите три екипи завршија на третата позиција во своите групи, а понатаму одат двата најдобриопласирани состави.
Резултати, последно коло по групи:
Борусија М. – Цирих 3-0, Аполон – Вилјареал 0-2, Бриж – Хелсинки 2-1, ФК Копенхаген – Торино 1-5, Бешикташ – Тотенхем 1-0, Партизан – Астерас 0-0, Салцбург – Астра 5-1, Динамо З. – Селтик 4-3, ПСВ Ајндховен – Динамо Москва 0-1, Панатинаикос – Ешторил 1-1, Карабах – Интер 0-0, Днипро – Сент Етјен 1-0, Стандард – Феенорд 0-3, Севилја – Риека 1-0, Евертон – Краснодар 0-1, Лил – Волфсбург 0-3, Наполи – Слован 3-0, Јанг Бојс – Спарта 2-0, Стеауа – Динамо Киев 0-2, Рио Аве – Алборг 2-0, Фиорентина – Динамо Минск 1-2, Паок – Гингамп 1-2, Легија – Трабзонспор 2-0, Металист – Локерен 0-1.
Екипите со потемни букви се пласираа во следната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



