Белградски Партизан славеше со 3-2 против Аз Алкмар на стартот од натпреварите во Европа лигата, со што го прекина постот без победа во европските купови долг 6 сезони. Оумару двапати и Живковиќ еднаш беа прецизни против ривалот од Холандија за прва победа од 2009 година, кога во Белград падна Шахтар (1-0).
Изненадувања во првата рунда приредија и Молде со победа од 3-1 во Истанбул против Фенербахче, Базел кој ја нокаутира Фиорентина со 2-1 на гости и Рапид со триумф во Виена со идентичен резултат против Вилјареал.
Резултати: Партизан – АЗ Алкмар 3-2, Фенербахче – Молде 1-3, Рапид – Вилјареал 2-1, Фиорентина – Базел 1-2, Ајакс – Селтик 2-2, Бордо – Ливерпул 1-1, Габала – ПАОК 0-0, Гронинген – Марсеј 0-3, Либерец – Брага 0-1, Митјиланд – Легија 0-1, Наполи – Бриж 5-0, Плзен – Динамо Минск 2-0, Сион – Рубин 2-1, Андерлехт – Монако 1-1, Апоел – Шалке 0-3, Астерас – Спарта 1-1, Атлетик Билбао – Аугсбург 3-1, Днипро – Лацио 1-1, Лех – Белененсес 0-0, Скендербег – Бешикташ 0-1, Спортинг – Локомотива Москва 1-3, С. Етјен – Розенборг 2-2, Тотенхем – Карабах 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.