Романскиот фудбалски гигант Стеауа мора да го промени своето име во ФЦСБ, поради судскиот спор, кој го има со Министерството за одбрана, во последните неколку години.
Стеауа, на романски значи „ѕвезда“, 26 пати е шампион на Романија, а својата слава ја стекна со титулата во Лигата на шампионите во 1986 година со победата против Барселона. Клубот во 1947 година е формиран од романската војска, а подоцна паѓа во рацете на контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали.
– Седум милиони судии, Папата во Рим, НАТО, сите можат да ни забранат да се викаме Стеауа, но не можат да го променат фактот дека тоа е истиот клуб. Сите кои сакаат можат да продолжат да не викаат Стеауа, но официјалното име е ФЦСБ – изјави Бекали.
ФЦСБ во 2015 година го изгуби правото да го користи својот стадион, а потоа и грбот на тимот. Министерството за одбрана, кон крајот на годината најави формирање на друг клуб, кој ќе се вика Стеауа и ќе започне да се натпреварува од четвртата лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.