Некогашниот европски првак и романска екипа на векот, Стеауа од Букурешт, не постои по одлуката на Врховниот суд на Романија. Сопственикот Џиџи Бекали е главниот виновник и поради него на клубот ќе му бидат одземени името и грбот на клубот.
По тужбата на Министерството за одбрана овој случај долго се одолговлекуваше низ судниците, а пресудата на Врховниот суд е конечна.
Стеауа под тоа име не постои и нема да може да се натпреварува во Првата лига на Романија. Новото име на клубот ќе биде ФЦСБ и новиот субјект ќе започне од нула, од четвртата романска лига.
Стеауа освои 26 шампионски титули во Романија и 22 титули во Купот на Романија. Најголемиот меѓународен успех датира од сезоната 1985/86 кога Стеауа стана европски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.