| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби поранешен европски првак со Стеауа

lucijan balan

Поранешниот играч на Стеауа кој со овој клуб стана европски првак во 1986 година, Лучиан Балан, се самоубил во својот дом во Баја Маре, објави романскиот гигант на својот офиијален сајт. Тој бил пронајден во неговиот дом во Баја Маре, а кога пристигнале лекарските екипи можеле само да ја констатираат неговата смрт.

– Легендарниот Лучиан Балан не напушти на 56-годишна возраст. Тој реши да стави крај на својот живот, откако пред еден месец ја загуби мајка си – гласи соопштението објавено на сајтот на Стеауа.

Градоначалникот на Баја Маре, Каталин Керекеш, го искажа своето жалење од големата трагедија.

– Шокиран сум. Вчера зборувавме со него и договоривме средба за денеска. Имаше проблеми кои се зголемија со смртта на неговата мајка. Таа му беше единствен преостанат член од семејството – изјави градоначалникот на Баја Маре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top