| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и во вториот натпревар во СЕХА лигата подобар од Металург сезонава

Во СЦ „Борис Трајковски“ се одигра дерби дуелот во СЕХА лигата меѓу Металург и Вардар. Црвено-црните беа далеку подобар противник и во вториот овосезонски меѓусебен натпревар славеа висока победа со 26-20.
Иако и двата тима десеткувани во составите, Вардарци поради подолгата и поквалитетна клупа заслужено победија.
Иако без најдобрите на теренот Вардар и со резервите Добривое Марковиќ и Стефан Терзиќ уште од самиот почеток направија разлика од пет гола која ја сочуваа до самиот финиш на првиот дел кога Металург најпрвин намали на три за на полувреме Вардар да замине со солидна предност од четири разлика (10-14).

SEHA Vardar Metalurg 4 (Custom)

Во вториот дел натпреварот беше решен уште во првите пет минути кога со серија од 3-0 вардарци дојдоа до висока предност од пет голови. Првиот гол Металург до постигна дури по пет минути игра преку младиот Филип Талевски.
До крајот на натпреварот за Металург беше стрелец уште една македонска надеж, Мартин Манасков.

SEHA Vardar Metalurg 9 (Custom)

Стефан Терезиќ кој играше на местото на првотимецот Алекс Дујшебаев максимално ја искористи шансата и постигна девет гола. Добро играше и Горбок кој даде седум, а Тоскиќ и Чипурин по три гола.
На голот на Вардар беше фантастичниот Ангелов кој успеа да фати 18 топки.
Металурзите стандардно ги предводеше Миркуловски со шест гола, а Никола Марковски додаде три.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top